• сабота, 11 мај 2024

Левица: Со новиот Предлог-закон за измени во спортот 25 отсто од ваучерот ќе се исплаќа на странци

Левица: Со новиот Предлог-закон за измени во спортот 25 отсто од ваучерот ќе се исплаќа на странци

17 јануари 2024 

Спортистите и спортските клубови очекуваа правични измени во Законот за спорт по повод Ваучер системот кои беа најавени, а за возврат добија небулозни нови измени што ги предложи Министерот за правда до Собранието на Македонија во кои се предвидени 25% од средствата кои ќе се дадат преку ваучерот да може да се дадат на странци!

До Левица пристигаат информации дека средствата кои се даваат на годишно ниво преку ваучерот за македонските спортски субјекти воопшто не се доволни за настап на сите натпреварувања кои се предвидени на годишно ниво.

Ова е голем удар за македонските спортисти и спортски клубови, бидејќи доколку раководството на клубот одлучи дел од средствата да ги даде на спортист странец тоа сега ќе може да го направи со овие законски измени!

Со ваквите измени воопшто не се поддржува националниот спорт, напротив истиот системски се уништува и наместо да се вложува во државни тимови и индивидуалци се дава предност на странски спортисти!!

Левица е апсолутно против овие законски измени и ќе се залага за укинување на овие паушални измени кои се донесени на штета на македонскиот спорт !!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан