• петок, 22 ноември 2024

Леброн Џејмс стана вториот најстар играч во историјата кој забележал трипл-дабл

Леброн Џејмс стана вториот најстар играч во историјата кој забележал трипл-дабл

Лос Анџелес, 16 ноември 2023 (МИА) - Суперѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс забележа трипл-дабл во поразот рано утрово од Сакраменто со 110:125. Џејмс мечот го заврши со 28 поени, 12 асистенции и 10 скока.

Четирикратниот НБА-шампион со 38 години и 320 дена стана вториот најстар играч во историјата кој забележал трипл-дабл на еден натпревар.

Карл Мелоун имаше 10 поени, 11 скока и 10 асистенции за 26 минути на 28 ноември 2003 година против Сан Антонио - имаше 40 години и 127 дена.

За Џејмс ова беше 108-от трипл-дабл во кариерата и се искачи на петтото место во историјата, надминувајќи го сегашниот тренер на Далас, Џејсон Кид.

Двократниот МВП Никола Јокиќ има 109 натпревари со три двоцифрена статистика. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан