• среда, 25 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Енрике незадоволен од стартот на ПСЖ и покрај убедливата победа над Сент Етјен

Енрике незадоволен од стартот на ПСЖ и покрај убедливата победа над Сент Етјен

Париз, 30 март 2025 (МИА) - Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике го критикуваше својот тим за слабиот старт на натпреварот од 27. коло од Лига 1 против Сент Етјен и покрај убедливата победа од 6:1.

- Задоволен сум со резултатот, но не и со почетокот на натпреварот. Сент Етјен започна многу агресивно. Дури кон крајот на првото полувреме се вративме на нашето ниво. Второто полувреме беше примерно, со создадени и реализирани шанси. Овие лекции ќе ни бидат корисни на претстојните средби, изјави Енрике за клупскиот сајт на парижаните.

На седум кола до крајот ПСЖ е лидер во поредокот во Лига 1 со 71 бод, 21 повеќе од второпласираниот Монако. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан