• петок, 10 мај 2024

Леброн не знае дали ќе игра по сезоната 2023/24

Леброн не знае дали ќе игра по сезоната 2023/24

Лос Анџелес, 4 октомври 2023 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, Леброн Џејмс, по враќањето од одмор, призна дека сè уште не размислува за кариера по сезоната 23/24.

 

Џејмс има опција во договорот со Лос Анџелес лејкерс да настапува во сезоната 2024/25 и да заработи 51,4 милиони долари. Според него, сега не е подготвен да одговори дали ќе ја продолжи кариерата или ќе ја напушти кошарката во 2024 година.

 

- Сè уште не знам. Се чувствувам поинаку. Немам веќе 21 година, тоа е сигурно. Но, што се однесува до енергијата, немам проблем со тоа, изјави Џејмс.

 

Исто така, 38-годишниот Леброн е заинтересиран за настап на Олимписките игри во Париз.

 

- Јас сум заинтересиран. Ќе видиме, додаде првата ѕвезда на Лејкерс.

 

Леброн кариерата во најсилната лига на светот ја почна во 2003 година како играч на Кливленд кавалирс. Има играно и за Мајами хит. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан