• петок, 17 мај 2024

Леброн: Имаме добар тим, но немаме резултат, многу сум разочаран

Леброн: Имаме добар тим, но немаме резултат, многу сум разочаран
Лос Анџелес, 20 јануари 2022 (МИА) – Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ја оцени моменталната позиција на тимот по неуспехот на домашен терен на средбата со Индијана (104:111). До овој меч Пејсерс претрпеа 10 порази во 11 натпревари. - Сега има големо разочарување кај мене, тоа е сигурно. Ми се чини дека имаме доволно добар тим за да победуваме и да имаме повеќе од 50 проценти од победите. Но, нашиот резултат не е таков. Ние сме тоа што сме. Пред нас е гостување, ќе се тестираме во натпревари со голем број силни противници, изјави Леброн. Ноќта среда кон четврток, Џејмс на дуелот со Индијана имаше 30 поени, 12 скока, пет асистенции и две украдени топки, но и тоа не беше доволно Лејкерс да го избегнат поразот. Во моментов тимот до Лос Анџелес има биланс 22 победи и 23 порази и се наоѓа на 8.место на табелата во Западната конференција од НБА-лигата. зс/

Остани поврзан