• петок, 20 декември 2024

Европските фудбалски лиги против намалување на бројот на клубови

Европските фудбалски лиги против намалување на бројот на клубови

 

Лондон, 19 декември 2024 (МИА) – Претставниците на европските фудбалски лиги официјално ја отфрлија можноста за намалување на бројот на клубови во националните првенства поради зголемувањето на бројот меѓународни натпревари, јави денеска агенцијата Дпа.

Според истиот извор, претставниците на европските лиги, кои собираат повеќе од илјада клубови од 37 национални првенства, во своето соопштение истакнаа дека промоторите на поранешната Суперлига, сега позната како „Јунифај Лига“ (League Unify), не се консултирале со нив за плановите презентирани претходно оваа недела од Агенцијата А22.

Агенцијата А22 на почетокот на неделата испрати предлог до Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) за признавање на новото паневропско клупско натпреварување наречено „Лига Јунифај“.

Плановите за поранешната Суперлига на тој начин сега оживеаја, а таа промашена идеја сега се претвори во Јунифај Лига, во која пласманот во националните лиги, но и во Лигата на шампионите, би бил одлучувачки за учество во неа. Друго клучно ветување е создавање на стриминг платформа каде навивачите ширум светот ќе можат бесплатно да ги гледаат сите натпревари во новото натпреварување. ег 

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан