ЛДП: Партијата останува единствена и обединета, шпекулациите нема да ја нарушат стабилноста
- СООПШТЕНИЕ: Либерално-демократската партија (ЛДП) остро ги демантира тврдењата објавени во медиумите, според кои постои внатрешно незадоволство во партијата поради наводно распуштање на одредени општински организации. Овие информации се целосно неосновани и претставуваат обид за манипулација со јавноста.
Скопје, 1 октомври 2024
Либерално-демократската партија (ЛДП) остро ги демантира тврдењата објавени во медиумите, според кои постои внатрешно незадоволство во партијата поради наводно распуштање на одредени општински организации. Овие информации се целосно неосновани и претставуваат обид за манипулација со јавноста.
На последниот Централен одбор, одржан на 31 мај, сите присутни членови на ЛДП дадоа едногласна поддршка за раководството на партијата. Во текот на седницата, беа дискутирани и осудени како срамни и манипулативни обидите на поединци да шират лажни вести. Истите тие поединци беа уредно поканети на седницата на Централниот одбор, но не најдоа храброст да се соочат со членовите и да ги објаснат своите постапки.
ЛДП останува единствена, обединета, и со уверување дека овие шпекулации нема да ја нарушат ниту стабилноста, ниту позициите на партијата.
Оние што влегоа во ЛДП со цел да уживаат во бенефитите на власта, а потоа, за да ги зачуваат истите позиции, работеа против одлуките на партијата, сега, по пет месеци молк и криење, објавуваат соопштенија.
„Ова однесување на поединци е очекувано и предвидливо. Истите тие, кои беа на високи позиции во време кога ЛДП беше дел од власта, немаа никакви забелешки кон актуелното раководство во тој период. Но, интересно е што сега, кога партијата е во опозиција, истите не покажуваат ниту еден ден искуство во опозициското работење“, изјави генералниот секретар Боби Мојсовски.
Овие поединци се раководени со далечинско од надвор, и имаат за цел да го нарушат единството на партијата, но тие намери нема да успеат.
Партијата потсети дека низ историјата заминале многу поголеми фигури исто така од лични и лукративни интереси, и сите знаат како завршиле.
ЛДП ќе продолжи да опстојува и да напредува, бидејќи е партија водена од идеологија, а не од лични или клиентелистички интереси.
Либерално-демократската партија
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.