• вторник, 30 април 2024

Лајчак: Во текот на неделава состанок на главните преговарачи на Белград и Приштина

Лајчак: Во текот на неделава состанок на главните преговарачи на Белград и Приштина

Брисел, 15 април 2024 (МИА) - Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека неделава ќе биде домаќин на главните преговарачи на Белград и Приштина за нова рунда разговори.

Целта е да се најде привремено решение за луѓето погодени од одлуката на Централната банка во Приштина за укинување на динарот во Косово.

„Очекувам двете страни да дојдат на состанокот со отворени умови, да бидат флексибилни и ориентирани кон изнаоѓање решение, врз основа на идеите презентирани на претходните состаноци“, објави Лајчак на Фејсбук.

Тој додаде дека по посетата на неколку земји - Бугарија, Полска, Грција, сега оди во Босна и Херцеговина, оценувајќи дека неделава темата ќе биде како актуелниот момент за проширување на ЕУ да се претвори во реалност. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан