• понеделник, 18 ноември 2024

Лампард ќе добие отказ доколку резултатите на Челзи не се подобрат наскоро

Лампард ќе добие отказ доколку резултатите на Челзи не се подобрат наскоро
Лондон, 21 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Челзи, Френк Лампард ќе добие отказ доколку резултатите на тимот не се подобрат наскоро, објави „Скај Спорт“. Клубот верува дека тимот не направил доволно напредок од летниот преоден рок. Јануарските натпревари со Лутон во ФА купот и со Вулверхемптон и Барнли во шампионатот ќе бидат решавачки за иднината на Лампард. Поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри и поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел се потенцијални наследници на Лампард во Челзи доколку тренерот на „сините“ добие отказ. Челзи е 8. во Премиер лигата со 29 бода по 19 одиграни натпревари. На последните осум натпревари од Премиер лигата, лондонскиот клуб победи само двапати. зс/

Остани поврзан