• недела, 05 мај 2024

Лазаров го објави списокот на ракометари кои тргнаа на ЕП 2022

Лазаров го објави списокот на ракометари кои тргнаа на ЕП 2022
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) – Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, попладнево го објави списокот на играчи кои предмалку тргнаа на Европското првенство во унгарски Дебрецин. На списокот на Лазаров се најдоа: голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев, Горан Крстевски пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски. „Црвено-жолтите“ со чартер-лет околу 14:10 часот од скопскиот аеродром ќе заминат за Дебрецин. зс/

Остани поврзан