• сабота, 23 ноември 2024

Лазарини: Ова е константна дехуманизација на Палестинците во војната во Газа

Лазарини: Ова е константна дехуманизација на Палестинците во војната во Газа

Женева, 4 јануари 2024 (МИА) - Генералниот комесар на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци УНРВА (UNRWA) Филип Лазарини денеска излезе со критика за „дехуманизацијата“ на Палестинците за време на војната во Газа.

„Газа: три долги месеци на брутална војна, масовно раселување, масовни човечки загуби и повреди, масовно уништување. Неподносливото страдање се влошува со постојаната дехуманизација и промовирањето на неконтролиран говор на омраза“, напиша Лазарини денеска на платформата Х. 

Најмалку 85 отсто од жителите на Газа се раселени поради израелските воени операции, а стотици илјади Палестинци се принудени да се засолнат во преполните засолништа или шатори во областите што Израел ги назначи како безбедни, но сепак ги бомбардира.

Според ОН, четвртина од 2,3 милиони жители на Газа се соочуваат со глад, а израелските ограничувања и жестоките борби ја попречуваат испораката на помош.

Од почетокпот на војната меѓу Израел и Хамас, на 7 октомври, убиени се повеќе од 22.000 Палестинци, наведе палестинското Министерство за здравство.

Во централниот и јужниот дел на Појасот Газа денеска се водат жестоки борби, додека стравувањата од регионална ескалација на конфликтот се зголемуваат по нападот во Бејрут во кој загина еден од највисоките лидери на палестинскиот Хамас, наведуваат американските медиуми. сд/

фото:МИА архива

 

 

Остани поврзан