• четврток, 02 мај 2024

Кумановското обвинителство ја отфрли кривичната пријава против поранешниот претседател на здружението на пензионери

Кумановското обвинителство ја отфрли кривичната пријава против поранешниот претседател на здружението на пензионери

Куманово, 12 април 2024 (МИА) - Отфрлена е кривичната пријава против поранешниот претседател на кумановското здружение на пензионери, Благе Јакимовски, информираа денеска од поранешното раководство на здружението.

Пријавата против поранешниот претседател на здружението Јакимовски, што ја поднесе МВР за „злоупотреба на службената положба и овластување“ е отфрлена како неоснована.

- Јас и тогаш и сега одговорно тврдам дека нема никаква злоупотреба на службена положба, тоа беше дел од „валканата“ игра на некои членови на здружението потпомогнати од одредени политички структури, со цел тогашниот претседателот Благе Јакимовски да се оцрни и елиминира како кандидат за претседател на изборите кои беа во тек да се преземе здружението и да се дојде на функција, изјави Гордица Бошковска, поранешен секретар на здружението на пензионери.

Таа појаснува дека одлуката на која се повикуваат како основа за злоупотреба на службената положба не постои.

- Под број и дата која ги носи одлуката никаде во деловникот на здружението не е заведена како донесена што значи истата е измислена за одредена цел која цел за жал и беше  постигната. Сакам да ја информирам јавноста пред сè членовите на здружението дека со отфрлањето на кривичната пријава од ЈО Куманово како неоснована се потврди дека сите изречени невистини, навреди и клевети спрема нас како тогашно раководство од некои членови на Здруженитое кои сега се дел од актуелното раководство беа неосновани, невистинити и злонамерни, изјави Бошковска.

Тие очекуваат сегашното раководство да се извини. ам/цр


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан