• среда, 12 јуни 2024

Кумановскиот театар ќе учествува на фестивал на мали драмски форми во Бугарија

Кумановскиот театар ќе учествува на фестивал на мали драмски форми во Бугарија

Куманово, 12 јуни 2024 (МИА) - Кумановскиот театар ќе учествува на Фестивалот на малите драмски форми кој традиционално се одржува во градот Враца, Бугарија, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Театар Куманово пред тамошната публика ќе настапи со претставата „Драма изгубена во времето“. Фестивалот се одржува од 10 до 16 јуни по 34-ти пат.

- Театар Куманово е поканет да учествува со претставата „Драма изгубена во времето“ во режија на Владлен Александров во која играат: Горан Илиќ и Кети Дончевска Илиќ, а како актерка во краткиот филм во претставата се појавува и актерката Александра Пешевска. Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стефковска, драматургијата на Симона Тоскиќ, а видео филмот е во режија на режисерот Никола Поповски, изјави директорот на НУЦК, Сашо Тодоровски.

Фестивалот ќе трае седум дена при што се селектирани четиринаесет претстави од Бугарија и соседните држави. Претставата премиерно беше изведена на сцената на Театар Куманово во 2020 година. ам/са/

Фото: НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан