Куманово одвои милион денари за Турција и Сирија
- Куманово ќе донира милион денари, по 500.000 илјади и на Турција и на Сирија за помош и поддршка на граѓаните на овие две држави по катастрофалниот земјотрес, одлучија денеска советниците на
Секретарот на општина Куманово, Александар Гелевски, појасни дека средствата се одделуваат од резерви на општина Куманово и ќе се распределат на жиро сметките кои ќе им ги достават дипломатските претставништва на двете држави.
- За реализација на член 1 од оваа Одлука се задолжува Градоначалникот на Општина Куманово да спроведе уплата на наведените средства на жиро – сметки кои ќе бидат добиени од официјалните дипломатски претставништва на двете држави, рече Гелевски.
Претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска кажа дека Куманово е познато по својата хуманост и вакви одлуки и претходно се носеле за други држави и даваше помош за настраданите од земјотреси, поплави и други елементарни непогоди
- Како општина може да донираме средства и сакам да потенцирам финансиите се мали согласно размерот на штетата, но ако нашиот пример го следат и останатите општини ќе помогнеме на населението и на Турција и Сирија. Изразувам сочуство, нашите мисли се со нив, се молиме за повеќе извлечени од урнатините, рече Ѓорѓиевска.
И кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на социјалните мрежи информираше дека Куманово ќе донира за Турција и Сирија. ам/аа/