• петок, 12 јули 2024

Куманово и Старо Нагоричане објавија оглас за организирање превоз на патници за пет линии помеѓу двете општини

Куманово и Старо Нагоричане објавија оглас за организирање превоз на патници за пет линии помеѓу двете општини

Куманово, 12 јули 2024 (МИА) - Општините Куманово и Старо Нагоричане објавија оглас за одобрување на линии за извршување на превоз на патници меѓу двете општини, информираа денеска надлежните од општините. За огласот можат да се пријават превозници кои исполнуваат повеќе услови детално наведени на општинските страни на Куманово и Старо Нагоричане. Покрај општите услови, регистрирана фирма, доволен број автобуси, превозниците треба да исполнуваат и други услови односно автобусите да исполнуваат технички и еколошки стандарди.

Двете општини  организираат превоз за пет линии од Куманово-Никуљане-Старо Нагоричане-Стрновац (сезонска), Куманово-Старо Нагоричане-Челопек-Алгуња-Татариновац, Куманово-Старо Нагоричане-Кокино-Арбанашко-Дејловце и Куманово-Довезенце-Војник-Бајловце.

Превозот е за наредните пет години. Барањата за одобрување на возните редови за наведените линии ќе ги разгледува комисијата формирана од страна на градоначалникот на Општина Куманово и градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, информираат од општините. За подетални информации, заинтересираните превозници можат да се обратат до комисија за разгледување на барања за одобрување на возни редови за линии утврдени со спогодбата за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане при двете општини. ам/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан