• понеделник, 24 јуни 2024

Кумановец приведен за криумчарење мигранти

Кумановец приведен за криумчарење мигранти

Скопје, 17 јуни 2024 (МИА) - Полицијата вчера привела 45-годишен кумановец откако при претрес на возилото кое го управувал на патот од село Сопот кон село Сушево пронашла двајца миграти од Турција.

-Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода М.Ј.(45) од Куманово. Околу 10.30 часот на локален пат од с.Сопот кон с.Сушево бил извршен преглед на возилото „шевролет авео“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал М.Ј., при што биле пронајдени две лица мигранти од Република Турција, наведува МВР во соопштение. 

М.Ј бил задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан