• четврток, 21 ноември 2024

Кузеска: Економијата е во слободен пад, СДСМ нуди три политики за повеќе пари кај граѓаните

Кузеска: Економијата е во слободен пад, СДСМ нуди три политики за повеќе пари кај граѓаните

Скопје, 7 октомври 2024 

Економските показатели покажуваат дека македонската економија е во слободен пад само после 5 месеци власт на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ.
Платите не се зголемуваат, власта се откажа од политиките кои со години значеа постојан раст на платите во сите сектори. Просечната плата во земјава се намали за 1.000 денари.

Растот на цените на храната и на основните производи продолжува, граѓаните се борат со тешкото секојдневие и имаат се помалку пари во семејните буџети.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат пад и на индустријата. Во месец септември индустриското производство бележи пад од 7,9% во однос на истиот месец лани.

И прогнозите на Светска банка за економијата се лоши, очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, според оваа меѓународна институција ќе биде едвај 1,8 отсто.

Сето она што со години е градено за да создаде економски раст и развој Мицкоски и ДПМНЕ го срушија за само 5 месеци.

Овој пад на економијата се случува во услови кога власта значително го зголемува долгот врз грбот на граѓаните.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема план а се покажува дека нема ниту капацитет за да ја развива економијата на државата.

СДСМ нуди три политики за повеќе пари кај граѓаните. Се грижевме за граѓаните кога бевме на власт, продолжуваме и во опозиција.

- Зголемување на минималната плата на 450 евра веднаш.

- Укинување на ДДВ за храната што ќе значи заштеда до 2.000 денари за секое семејство.

- Итна примена на законот за нефер трговски практики за спречување на раст на цените.

Власта не треба води инает туку да ги прифати овие решенија затоа што се добри за граѓаните.

Со законите на СДСМ, секое семејство ќе има повеќе пари во семејниот буџет.

Најостро ги отфрламе ваквите шпекулации за седницата на Централниот одбор којашто се одржа во вторникот и ги сметаме за тенденциони и злонамерни, излезени од кујната на ВМРО-ДПМНЕ. 


Благодарам за ова прашање бидејќи досега тие што ги објавија овие шпекулации и невистини не се обратија до нас за да проверат дали воопшто е точно. 


Имавме успешна седница на Централнито одбор, како што известивме, во демократска атмосфера, донесени се одлуки за одржување на Конгресот на 24 ноември за избор на ново раководство и нови политики.

Богданска Кузеска портпарол на СДСМ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото СДСМ 

 

Остани поврзан