• петок, 25 октомври 2024

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко босови?

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко босови?

Скопје, 25 октомври 2024 

Скандалозните помилувања на криминалци и нарко босови власта се обидува да ги заташка со апсење на веќе помилуваниот бос на кланот Барон и со класичен театар пред јавноста.

СДСМ наостро ја осудува оваа фарса на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Сиљановска-Давкова. Наместо одговорност за скандалозните помилувања, ДПМНЕ и Сиљановска се обидуваат со театрални потези да го смират гневот на јавноста и да избегнат од одговорноста.

Претседателката лично ги потпиша одлуките за помилување на  криминалци и членови на нарко-кланови, лица кои беа осудени за тешки кривични дела. Ако згрешиле членовите на комисијата за помилување, зошто Сиљановска не ги разреши?

Таа не може да се крие зад Комисијата за помилување. Сиљановска го има последниот збор, таа ја носи одлуката и затоа мора да одговори зошто ги ослободува овие лица.

Несериозни се изјавите дека не знаеле кого помилуваат, тоа е навреда за граѓаните и потценување на нивната интелигенција.

СДСМ со денови бараше повлекување на срамната одлука и предупредуваше дека криминалците кои ги ослободи Давкова претставуваат закана за јавната безбедност на граѓаните.

Еден од помилуваните, поврзан со нарко-кланот „Барон“ вчера беше уапсен веднаш по неговото ослободување под сомнение за обид за убиство.

Очигледно МВР на овој начин се обидува да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во дил со криминални структури со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните.

Сиљановска-Давкова има обврска да излезе пред граѓаните и да ги презентира сите информации, документи и мислења, на Комисијата, на Министерството за правда, на сите кои и биле презентирани и да одговори на клучното прашање:
 Зошто токму овие лица, опасни криминалци беа изборот да се помилуваат?

Кој го нарача ослободувањето на криминалците и нарко босовите?

ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска - Давкова имаат обврска да излезат пред граѓаните и да одговорат на овие прашања, затоа што тоа и го должат на јавноста.

Мора да има одговорност за скандалозните помилувања.

Граѓаните заслужуваат вистинска одговорност и сериозен однос кон нивната безбедност.

Одговор на новинарско прашање

СДСМ: Македонија на дното по плати на Блаканот, ВМРО-ДПМНЕ го уништува стандардот на граѓаните

Стандардот на граѓаните со оваа власт се влошува, просечната плата се намалува додека трошоците за живот се зголемуваат, погрешни се економските политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика просечната нето плата во земјава не расте туку се намалува. Она што дополнително загрижува е што земјава се уште е на дното во споредба со соседните држави како Србија, Бугарија, Црна Гора во делот на платите.

Власта мора да ги промени погрешните политики и да дефинира мерки за зголемување на платите и создавање услови за поголеми примања а прв чекор кон тоа е да го прифати предлогот на СДСМ за зголемување на мининмалната плата на 450 евра.

ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита својот став и да помислат на луѓето кои секојдневно се борат за подобар живот. Ова е првиот чекор кон покачување на сите плати и подобрување на стандардот на сите граѓани.

Водењето инает и одбивањето на предлозите на СДСМ се целосно погрешни.

 

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка


Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан