• петок, 05 декември 2025

Крпење ударни дупки и реконструкција на сливни решетки на улиците во Кочани

Крпење ударни дупки и реконструкција на сливни решетки на улиците во Кочани

Кочани, 13 октомври 2025 (МИА) - Во тек е постапката за избор на економски оператор што ќе работи на пополнување на ударните дупки на сообраќајниците на подрачјето на Општина Кочани.

Утре ќе се отвораат пристигнатите понуди, па бидејќи не е предвидена е-аукција, се очекува договорот за крпење ударни дупки набргу да започне да се реализира.

Долг е списокот на улиците евидентирани од стручните служби за градежно земјиште каде што е потребно крпење, за што ќе се користат поволните временски услови, пред почетокот на зимскиот период.  

За реализација на овие градежни активности се издвоени 1.499.770 денари oд Програмата за улици и патишта за 2025 година.

Наскоро ќе започне и реконструкција на сливни решетки од полимер бетон.

Стручните служби најавуваат дека е планирана замена на постојните со решетки од полимер бетон на шест локации, а ќе бидат реконструирани и седум ревизиони шахти.

За реализација на договорот за реконструкција на сливните решетки за атмосферска канализација се наменети 2.006.236 денари од Буџетот на Општината. ис/

 

Фото: Општина Кочани

Остани поврзан