• недела, 19 мај 2024

Крос за „Златната топка“: Тоа е престижна награда, но не и важно, ниту еден играч не може да освои ништо сам

Крос за „Златната топка“:  Тоа е престижна награда, но не и важно, ниту еден играч не може да освои ништо сам

Мадрид, 15 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос го сподели своето мислење за важноста на „Златната топка“.

- Мое мислење е дека не се потребни индивидуални награди во екипен спорт. Отсекогаш сум го кажувал ова и останувам убеден во исправноста. Ниту еден играч не можеше да освои ништо сам. „Златната топка“ е престижна, но не и важна. Тоа е голема разлика. Јас едноставно мислам дека оваа награда не е важна, или не е толку важна, како што сметаат други фудбалери, рече Крос на својот поткаст „Einfach mal Luppen“.

„Златна топка“ е годишна фудбалска награда која се доделува од страна на „Франс фудбал“ на играчот за кој се смета дека бил најдобар во измината календарска година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан