• недела, 21 јули 2024

Кривична пријава против полициски службеник за „спречување службено лице во вршење службено дејствие“

Кривична пријава против полициски службеник за „спречување службено лице во вршење службено дејствие“

Скопје, 5 март 2024 (МИА) - Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.  полициски службеник во Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, казниво по член 382 од Кривичниот законик.

Како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против С.С. поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР, член 187 став 1 точка 10 и 20 од Законот за внатрешни работи и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР и времено суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

На 28.10.2023 во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, С.С. физички нападнал и попречувал полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при извршување службени дејствија, спровод на осуденик од Казнено – поправната установа Затвор Идризово до комплексот клиники.ад/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан