• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава против две лица, расчистени четири кражби на моторни возила

Кривична пријава против две лица, расчистени четири кражби на моторни возила

Скопје, 4 мај 2024 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против две лица од кои едниот се сомничи дека извршил четири кражби на моторни возила, а другиот е осомничен за „помагање“.

Шеесет и осумгодишниот Ш.Н. од Липково е осомничен за извршување на четирите кражби од кои три на подрачјето на скопски Центар и едно на подрачјето на општина Аеродром, а Ф.Љ.(22) од Скопје е осомничен за кривични дело „помагање“.

Првопријавениот, кривичните дела ги извршил во последните два месеца, така што со употреба на физичка сила и погоден алат ги одземал возилата и ги предавал на второпријавениот, каде што возилата биле расклопувани и продавани за делови.

Полициски службеници со судска наредба извршиле претрес на локација, сопственост на Ф.Љ., каде биле пронајдени поголема количина делови од возила кои потекнуваат од кривичните дела. Известен бил јавен обвинител, а од страна на Судија на претходна постапка на Ш.Н.  му е одредена мерка притвор. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан