• среда, 15 мај 2024

Кривична пријава за двајца тетовци за измама

Кривична пријава за двајца тетовци за измама

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(68) од тетовското село Нераште и Е.А.Н.(39) од тетовско Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Како што информира МВР, И.С. запознал едно лице со Е.А.Н, која лажно му се претставила.

- Откако го довела во заблуда дека ќе се венчаат, тој во повеќе наврати ѝ дал 6.300 евра и накит, се наведува во денешниот МВР-билтен. мд/ев/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан