• сабота, 12 октомври 2024

Кривична за кавадарчанката која со тврд предмет ја нападнала мајка си 

Кривична за кавадарчанката која со тврд предмет ја нападнала мајка си 

Кавадарци, 10 септември 2024 (МИА) - Полицијата и поднесе кривична пријава на кавадарчанката која со тврд предмет рано утрово ја нападнала мајка си, известија попладнево од СВР Велес.  Оттаму појаснија дека ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело кривична пријава  против В.Ѓ.М.(32) од Кавадарци, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело обид за убиство при семејно насилство, казниво по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

- Денеска околу 03.15 часот во семејниот дом во Кавадарци, В.Ѓ.М.  со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 – годишна мајка и ѝ нанела тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. В.Ѓ.М. била лишена од слобода и по документирање на случајот поднесена е кривичната пријава, рекоа од СВР Велес. 

МИА претходно информираше дека  кавадарчанка со тврд предмет ја нападнала мајка си рано изутринава, а информацијата ја потврди за МИА, доктор Мирослав Нерков од Брзата помош. 

- Ние како екипа на Итната медицинска помош заминавме на лице место веднаш по дојавата. Жената имаше повреда на главата, голема посекотина и оток на местото на ударот, дома крв имаше секаде во собата. Ја однесовме  во кавадаречката болница, појасни Нерков.  свд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан