• четврток, 21 ноември 2024

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања

Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања

Москва, 8 ноември 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара за Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но тоа не значи дека Путин е подготвен да се откаже од неговите барања, така што целите на Русија во Украина остануваат непроменети, соопшти денеска Кремљ.

Путин вчера му ја честиташе победата на Доналд Трамп на изборите во САД, го пофали за покажаната храброст кога вооружен маж се обиде да го убие и рече дека Москва е подготвена за дијалог со новоизбраниот претседател на Републиканската партија.

Запрашан за можен телефонски разговор меѓу Трамп и Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека сè уште нема ништо конкретно да известува и рече дека би било прерано да се зборува за подобрени руско-американски врски.

-Но, Путин јасно стави до знаење дека останува отворен за дијалог, рече Песков. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан