• четврток, 16 мај 2024

Коњановски: Гоце Делчев е нашата ѕвезда водилка

Коњановски: Гоце Делчев е нашата ѕвезда водилка

Битола, 4 февруари 2024 (МИА) - Гоце Делчев е наша ѕвезда водилка, кон жестината на истрајноста, повеќе од било кога, да го вреднуваме и почитуваме нашето македонско, што го имаме јазик, култура, традиција, писмо, слобода, истакна градоначалникот Тони Коњановски, на денешното одбележување на роденденот на Делчев во Битола. 

Според востановената традиција, градоначалникот Коњановски и делегации претставници на јавниот живот на градот положија цвеќе пред бистата и спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.

-Ретки се македонските великани како Гоце Делчев. Неговите дела продолжуваат да имаат значење во современата македонска историја и култура како симбол на националниот пат кон независност и слобода. Гоце Делчев е наша ѕвезда водилка, кон жестината на истрајноста, повеќе од било кога, посочи Коњановски.

Спомен куќата на Гоце Делчев е во централното градско подрачје на Битола, објект кој сведочи за престојот на Делчев во месец ноември 1901 година кога македонскиот револуционер учествувал на разговори со битолските окрузи и како што е запишано на спомен плочата, на поддржувачите исцрпно им ја осветлил борбата за национално и социјално ослободување на македонскиот народ. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан