Кошта: Геополитичкиот контекст бара нов поттик во соработката на ЕУ со Западен Балкан
- Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта упати писмо до лидерите на ЕУ во пресрет на претстојниот состанок на Европскиот совет и Самитот ЕУ-Западен Балкан, кои ќе се одржат подоцна овој месец во Брисел. Тој нагласи дека проширувањето на ЕУ е главна геополитичка инвестиција и дека моменталниот геополитички контекст бара нов поттик за ангажманот на ЕУ со земјите од регионот.
Брисел, 7 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта упати писмо до лидерите на ЕУ во пресрет на претстојниот состанок на Европскиот совет и Самитот ЕУ-Западен Балкан, кои ќе се одржат подоцна овој месец во Брисел. Тој нагласи дека проширувањето на ЕУ е главна геополитичка инвестиција и дека моменталниот геополитички контекст бара нов поттик за ангажманот на ЕУ со земјите од регионот.
Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи на 18 декември, а главните теми ќе бидат примена на Планот за раст, регионалната интеграција и можностите за понатамошно унапредување на постепената интеграција на регионот со ЕУ. Во текот на работната вечера ќе се разговара за заедничките геополитички предизвици.
На 19 декември, Европскиот совет ќе дискутира за ситуацијата во Украина и за улогата на ЕУ во глобалниот контекст. Претседателот на Украина Володомир Зеленски ќе присуствува за да сподели информации од теренот и предлози за поддршка на Украина. Кошта истакна дека е потребна заедничка стратегија за глобалниот ангажман на ЕУ.
Тој подвлече дека проширувањето е клучна геополитичка инвестиција за ЕУ и нагласи дека ЕУ мора да ја зајакне својата улога преку создавање поширока мрежа на партнери, зајакнување на трансатлантските врски и унапредување на односите со Велика Британија, особено во безбедноста и одбраната. ссм/
фото: архива