Костовски: Нова поликлиника, плоштад и две нови градинки во општина Бутел
- Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел Дарко Костовски денеска најави нова поликлиника, нова полициска станица, противпожарен пункт, уредување на кејот на река Серава, нов
Скопје, 3 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Бутел Дарко Костовски денеска најави нова поликлиника, нова полициска станица, противпожарен пункт, уредување на кејот на река Серава, нов плоштад, две нови градинки...
-За разлика од Смилевски кој гарантира бетонизирање на Бутел, ние гарантираме два нови големи паркови, едниот на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“, гледано кон Радишани од левата страна и другиот над населбата Радишани, над третиот влез, посочи Костовски.
Тој изјави дека општина Бутел мора да добие нова поликлиника и гарантираше дека таа ќе биде изградена. Додека таа се изгради, општинската зграда ќе биде понудена за поликлиника за граѓаните. Нагласи дека општина Бутел мора да добие нова полициска станица, мора да добие нов противпожарен пункт, кејот на реката Серава мора да биде уреден. Најави нов плоштад и младински културен центар, како и две нови градинки.
-Населените места Љубанци и Љуботен мора да добијат нова водоводна мрежа, додека пак населените места Бел камен и Кучевишка бара мора да добијат фекална канализација, а за тоа да се реализира гараантираат заедно со независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, рече Костовски.
Според него, неговиот противкандидат од СДСМ Велимир Смилевски досега ништо не направил за општината и жителите и побара да не им наштетува и да не го загрозува нивниот, како што рече, мирен соживот. мд/сст/