• сабота, 27 јули 2024

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот културен сектор има потенцијал да придонесе во растот на домашната економија

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот културен сектор има потенцијал да придонесе во растот на домашната економија

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на маргините на третиот меѓународен форум на креативни индустрии  остварила средба со Филип Керн директор и основач на КЕА за Европски прашања-Брисел, и Мартин Каф, советникот за креативни индустрии и туризам на премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

На состанокот, како што соопшти Министерството за култура, било разговарано за важноста на креативните индустрии, нивниот одржлив развој и придонесот кои го имаат во домашната економија.

Министерката за култура посочила дека се прават важни чекори за афирмација и вистинска валоризација на потенцијалот на секторот креативни индустрии, преку кој не само што ги зајакнуваме културата и уметноста, туку и индустријата.

-Креативните индустрии се значаен дел и од Стратегијата на Министерството за култура, а со новиот Закон за јавен интерес во културата, со кој се менува начинот на дефинирање, поддршка и финансирање на културата, воведуваме и на нови културни дејности од областа на креативните индустрии, истакнала Костадиновска-Стојчевска на средбата.

Керн и Каф укажале дека препознаена е посветеноста и активноста на Министерството за култура за промоција на важноста на креативните индустрии како „најмоќно економско оружје“, давајќи целосна поддршка за развој на креативните индустрии на различни ниво.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска со свое обраќање го отворила Меѓународниот форум на креативни индустрии на тема: „Одржливо претприемништво во креативните индустрии“, во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје. дма/са/

Фото: Министерство за култура

Остани поврзан