• петок, 12 јули 2024

Косовската опозиција ќе ги прати на Уставен законите за Советот на обвинители и Комисијата за медиуми

Косовската опозиција ќе ги прати на Уставен законите за Советот на обвинители и Комисијата за медиуми

Приштина, 11 јули 2024 (МИА) – Двете најголеми косовски парламентарни опозициски парти, Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократскиот сојуз на Косово најавија дека ќе ги испратат до Уставниот суд законите за Советот на обвинители (КПК) и за Независната комисија за медиуми (КПМ), кои денеска беа усвоени во Собранието на Косово со гласовите на владејачката партија Движење самоопределување (ВВ), јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефот на пратеничката група на ПДК, Абелард Тахири преку објава на Фејсбук рече дека преку гласањето на овие закони се обидуваат да ги заробат и потчинат овие независни институции.

- Повторените напори на оваа влада да ги зароби и потчини независните институции на правдата, како и да ги контролира медиумите и слободата на говорот, добија форма на одлука со одобрение на два закони на денешната седница, напиша Тахири.

Пратеникот на опозициската партија додаде дека со барањето за оценка на уставноста на споменатите закони ќе се обезбеди „да се почитува Уставот на Република Косово“.

- Затоа, секако дека ќе ги искористиме уставните механизми за да ги испратиме Законот за Советот на обвинители на Косово и Законот за Независната комисија за медиуми до Уставниот суд, со цел да обезбедиме почитување на Уставот на Република Косово, порача Тахири.

Втората најголема парламентарна опозициска партија, ЛДК исто така цени дека денешните гласања ја одразуваат тенденцијата на неуставно заробување на независните институции во државата.

- Оваа практика, веќе потврдена со одлуки на Уставниот суд, е продолжување на континуираните популистички напори на (премиерот и лидер наВВ) Албин Курти за изготвување закони кои не ја почитуваат демократската рамнотежа во земјата, како и поделбата на улогите на независните институции во рамките на Косово. Затоа, нашите работни тимови од денеска почнаа да ги подготвуваат релевантните предмети за Уставниот суд, со целосно убедување дека, како и во изминатите десет неуставни случаи, и денешните два закони ќе добијат ист епилог. Оваа влада го азвршува своето четиригодишно владеење со неуставен обид за присвојување на институциите, без никакви конкретни резултати и без суштински развој на ниту едно поле, се вели во соопштението на ЛДК. иа/рп/

Остани поврзан