• петок, 22 ноември 2024

Копнената војска на САД стана втората сила на американската војска без командант потврден од Сенатот

Копнената војска на САД стана втората сила на американската војска без командант потврден од Сенатот

Вашингтон, 5 август 2023 (МИА) - Копнената војска на САД стана втората сила на американската армија без командант потврден од Сенатот бидејќи републикански сенатор продолжува да ги блокира номинациите. Пензионираниот началник на Генералштабот на американската армија Џејмс Меконвил, синоќа се откажа од командата. 

-За првпат во историјата, американската армија ќе има два вида вооружени сили без утврден лидер - копнени сили и маринци, објави Пентагон.

Републиканскиот сенатор Томи Тубервил, кој ја претставува Алабама, блокираше стотици воени апликации, нагласувајќи дека Пентагон неправилно ги користи владините средства. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан