• вторник, 15 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Копенхаген за прв пат по 13 години стигна до нокаут фазата во Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед елиминиран

Копенхаген за прв пат по 13 години стигна до нокаут фазата во Лигата на шампионите, Манчестер јунајтед елиминиран

Копенхаген, 13 декември 2023 (МИА) - Копенхаген го победи Галатасарај со 1:0 синоќа во последното, 6. коло од Лигата на шампионите и го освои второто место во групата А.

Така данскиот клуб првпат по сезоната 2010/11 стигна до плејофот во Лигата на шампионите. Тогаш Копенхаген го зазеде второто место во групата со Барселона, Рубин и Панатинаикос, а во осминафиналето загуби од Челзи (0:2, 0:0).

За разлика од Копенхаген, Манчестер јунајтед не успеа да ја помине групата, а воедно не успеа ниту да биде трет и со тоа да продолжи во Лига Европа. Јунајтед синоќа загуби на домашен терен од Баерн Минхен со 1:0.

Конечна табела А-група во фудбалската Лига на Шампиони: Баерн Минхен 16 бода, Копенхаген 8, Галатасарај 5, Манчестер јунајтед 4. зс/

Фото: Фејсбук „F.C. København“

Остани поврзан