• петок, 05 декември 2025

Манчестер Сити носи засилување од Серија А

Манчестер Сити носи засилување од Серија А

Манчестер, 4.август 2025 (МИА) - Тимот на Манчестер Сити на десетина дена пред почетокот на новата сезона е пред вистинско засилување. Клубот досега донесе шест играчи, но менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола бара засилување пред се за нападот. Џереми Доку и Фил Фоден немаа сезона за паметење. 

Според британските медиуми на метата на Гвардиола е Рафаел Леао. Португалскиот репрезентативец сака да го напушти Сан Сиро, една од причините е тоа што Милан не е дел од Лигата на шампионите, а воедно бара и нов предизвик. Тој дресот на Милан го носи од 2019 година и има одиграно 260 натпревари и постиганато 70 голови.

Се споменува сума од 110 милиони евра за трансферот.    мн

Фото: ЕПА

Остани поврзан