Аларов: Имаме доволно време да ја темпираме формата
- Едно од новите имиња во екипата на Алкалоид е Михаил Аларов, македонски репрезентативец досегашен член на Вардар

Маврово, 4.август 2025 (МИА) - Едно од новите имиња во екипата на Алкалоид е Михаил Аларов, македонски репрезентативец досегашен член на Вардар. 27-годишниот играч настапува на пикерската позиција, иако во последно време е познат пред се како играч од одбраната.
- Работиме напорно, имаме доволно време да ја темпираме формата според желбите на тренерот Лазаров и добро да се подготвиме за тешката сезона, која сигурно ќе биде највозбудливата досега. Имаме и тежок противник во Европа, но ние како играчи даваме максимум секој ден, екипата е сложна, полека се подготвуваме за нашите цели кои сакаме да ги оствариме и исполниме. Во Алкалоид се вклопив одлично затоа што играчите ги познавам од порано, условите за работа се одлични и професионални и немам никакви забелешки. Целите секако дека се високи, имаме желба да играме и групи во Европската лига на ЕХФ, а дали ќе успееме, времето ќе покаже. Наше е да работиме, изјави Аларов.
Екипата на Алкалоид одработува дел од подготовките во Маврово, додека во следната фаза во Србија и во Хрватска се предвидени и контролни натпревари. мн/
Фото: Фејсбук РК Алкалоид