• вторник, 07 мај 2024

Концерт „Музички бисери за пијано“ со Даница Стојанова вечер во Струмица

Концерт „Музички бисери за пијано“ со Даница Стојанова вечер во Струмица
Струмица, 5 јули 2021 (МИА) - Во НУЦК „Антон Панов“ концерт вечерва ќе одржи позната македонска пијанистка, Даница Стојанова. Настапот на Стојанова е во рамки на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“, а покрај неа како гости ќе настапат и младите виртуози на пијано-Бобан Мирковски, Нита Груби и Сара Кесковска. Програмските содржини од „Струмица-град на културата 2021“ продолжуваат на 8 јули со „Вечер на еврејско-шпански песни“ со пијанистот Глигор Гелебешев и оперската певица Александра Костовска. Истиот ден почнува Школата за кавали под менторство на Филип Ричлиев, која ќе трае до 12-ти овој месец. До крајот на јули, организаторите планираат одржување на изложби, театарска претстава, музички настани, а на 23 јули треба да се одржи концерт на Ансамблот „Танец“.рт/бт/

Остани поврзан