• четврток, 21 ноември 2024

Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп: Во предвечерието сме на финалната одлука дали Македонија ќе му ја вратиме на народот или ќе остане заробена

Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп: Во предвечерието сме на финалната одлука дали Македонија ќе му ја вратиме на народот или ќе остане заробена

Прилеп, 6 мај 2024 (МИА) - Во предвечерието сме на финалната одлука  дали Македонија ќе му ја вратиме на народот или ќе остане заробена, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на завршниот митинг во Прилеп на Коалицијата „Твоја Македонија“.

-Оваа нашата Македонија е градена на темелите на Илинденците, од солзите и лелекот на нашите мајки. Ова е можеби последната шанса зашто духовните темели станаа приватни. Ве повикувам сите да излезете на изборите за да не не уценуваат, рече Мицкоски.

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова рече дека ќе биде претседател на сите граѓани.

-Сите ние да направиме заеднички исчекор, нов АСНОМ, четвртиот Илинден. Во овие 30 години, особено во овие мачни седум години се изнагледавме чудни нешта. На 8 мај да ја повториме лекцијата од 24 април. Народот легитимира и делегитимира. Да поставиме темел за горда Македонија. На 9 мај ќе почне нова демократска историја и не дозволувајте оние кои повикуваат на бојкот да го суспендираат вашето право на глас на избор, рече Давкова.

На вечерашниот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ носителот на листата во ИЕ 4 Александар Николовски рече дека изборот не бил никогаш полесен.

-Дали ќе имаме нормална држава или држава што тоне во корупција, тоа е изборот. Осми мај е круна на нашата борба. Денес нашата генерација добива шанса да ја направи Македонија пристојно место за живеење, рече Николовски. ем/вг/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан