• сабота, 18 мај 2024

Конференциска лига: Шкендија ја совлада Валмиера во Рига

Конференциска лига: Шкендија ја совлада Валмиера во Рига
Рига, 21 јули 2022 (МИА) - Тимот на Шкендија ја совлада Валмиера со 2-1 во второто квалификациско коло во Конференциската лига на гостувањето во Летонија. Тимот од Тетово поведе уште во деветата минута со голот на Дориев за 1-0. Валмиера израмни во 45.минута со погодокот на Геје, а победата за Шкендија ја осигура Синдрит Гури со голот во 63.минута од натпреварот. Реваншот е по седум дена во Скопје. ар/аа/

Остани поврзан