• сабота, 20 јули 2024

Конституиран Општински совет за превенција на детско престапништво во Пехчево

Конституиран Општински совет за превенција на детско престапништво во Пехчево

Пехчево, 5 декември 2023 (МИА) - Во Пехчево e конституиран Општинскиот совет за превенција на детско престапништво. За таа  цел се одржа првиот состанок на кој беа избрани раководните органи на ова тело кое има за цел да ја популаризира темата за превенција од детско престапништво.

-На првата конститутивна седница на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво беше избран претседател на Советот, беше разгледан и усвоен Деловникот за работа на Советот и беа дадени предлог – активности за изготвување на Програмата за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Пехчево за 2024 година, информираа од oпштината.

Општинскиот совет за превенција од детско престапништви е составен од членови на воспитно-образовните установи, ОВР и Центарот за социјална работа.

-На конститутивната седница присуствуваа претставници од Советот на родители од ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово, дисперзирани паралелки Пехчево, претставник од Бирото за јавна безбедност - Сектор за внатрешни работи Штип - Одделение за внатрешни работи Берово, ПС ОН Берово и претставник од Јавната установа Центар за социјална работа – Берово – Канцеларија за материјални давања – Пехчево. Сите тие ќе бидат активни носители при креирањето на програмата за работа на Општинскиот совет за превенција, додадоа од oпштината.

Советот како советодавно тело ќе се стреми кон намалување и превенција на претстапничките појави и однесувања кај децата односно младите лица и нивна правилна инклузија во општеството. вс/сa/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан