• петок, 22 ноември 2024

Конкурс за негуватели за помош на стари лица во Струга

Конкурс за негуватели за помош на стари лица во Струга

Струга, 2 април 2024 (МИА) - Општинската организација на Црвен крст - Струга денеска објави конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица.

Кандидатите, според конкурсот, треба да се државјани на Република Северна Македонија, на возраст од 18 до 62 години, да имаат општа психофизичка способност за работа, завршено средно образование да се мотивирани да работат со стари лица.

- Се повикуваат сите заинтересирнаи лица од територијата на општина Струга, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат, тоа да го наорават до 22 април годинава, стои во конкурсот на Црвен крст Струга.

Обуката, камо што е наведено, е сертифицирана, а заинтересираните кандидати може да се пријавата на емаил адресата struga@redcross.org.mk или во просториите на општинската органзаиција на секој работен ден од 8 до 16 часот. сс/дма/

 

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан