• четврток, 09 април 2026

Свечена академија на учениците од ОУ „Раде Кратовче“ по повод патрониот празник

Свечена академија на учениците од ОУ „Раде Кратовче“ по повод патрониот празник

Кочани, 20 март 2026 (МИА) -  Во Цетарот за култура „Бели мугри“ во Кочани синоќа се одржа свечената академија по повод патрониот празник на ОУ „Раде Кратовче“.

На настанот се претставија ученици, хорот и поранешната ученичка Драгана Јорданова, а сега успешна музичка уметница.

По повод 100 години од делото „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, професорот по македонски јазик Доне Донев изведе монодрама посветена на животот и делото на Мисирков.

Во чест на прерано починатите Драгана Минова и Петар Ивановски, директорот Глигор Гацовски на нивните родители Моне и Зоран им врачи решенија за формирани училишни клубови кои ќе ги носат имињата на нивните Ангели.

Одбележувањето на патрониот празник на кочанското ОУ „Раде Кратовче“ продолжува в понеделник, 23 март, кога пред спомен бистата во „Паркот на револуцијата“ на првоборецот од НОБ, ќе биде положено цвеќе. ис/вј/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан