• недела, 12 мај 2024

Комуналните сметки во Тетово ќе бидат според квадратните метри што ги има домаќинството

Комуналните сметки во Тетово ќе бидат според квадратните метри што ги има домаќинството

Тетово, 29 декември 2023 (МИА) – Тетовскиот градоначалник Биљал Касами денеска најави дека висината на сметките за комунални услуги нема да се зголемат, и покрај тоа што од 1 јануари 2024 почнува стопанисување со отпадот преку јавно-приватно партнерство.

Тој образложи дека има регулаторно тело кое одлучува за цените, а ќе има само промена во делот на пресметка па наместо по глава на жител, отсега ќе биде по квадратен метар.

- Досегашната методологија по глава на жител не беше правична за граѓаните затоа што повеќе фамилии кои главно се и посиромашните, плаќаат повеќе, а тие што има повеќе простор, нели повеќе станбен простор и деловен простор плаќаа помалку. Сега со новата метода по метар квадратен ќе се направи процена пресметка на фактурите за отпад, цениме дека ќе биде поправедна за граѓаните, значи нема да има промена, само ќе има промена на методологија, изјави Касами.

За подобро снабдување со вода за пиење општината има подготвено физибилити студија, рече касами, појаснувајќи дека од таа студија се произлезени повеќе заклучоци. Тој потенцира дека треба да се инвестира во промена на дотраениот главен цевковод.

- Второ, смена на главните краци на мрежата за вода во градот, а што се губи водата. Трето, како заклучок е излезен дека треба да се инвестира во делот на водомерите каде што нели се губи водата во делот на злоупотреба од несовесните граѓани. После јануарската сесија на советот, каде ќе се надевам дека ќе се усвои оваа студија и заклучоците, одма ќе почнеме со подготовка на техничка документација и да видиме како ќе се финансира реконструкција на дистрибутивната мрежа, најави првиот човек на Тетово.

Што се однесува до јавната чистота, тој рече дека сега кога приватниот концесионер ќе работина подигање на отпадот, комуналното претпријатие ќе се посвети на подигање на свеста на граѓаните во делот на јавната чистота, како и одржување на јавните површини на паркови и зеленило. ас/цр

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан