Колумбија го ограничува извозот на јаглен во Израел додека не заврши војната во Газа
- Министерството за трговија на Колумбија иницираше мерки за ограничување на продажбата на јаглен на Израел додека не заврши војната во Газа.

Богота, 6 јуни 2024 (МИА) - Министерството за трговија на Колумбија иницираше мерки за ограничување на продажбата на јаглен на Израел додека не заврши војната во Газа.
Министерството препорача да се ограничат испораките и одлуката да ја донесе комисијата за царина и надворешна трговија, се вели во интерен документ во кој имале увид од Блумберг и лице запознаено со тоа прашање.
Колумбија е најголемиот снабдувач на јаглен во Израел, продавајќи јаглен во вредност од околу 450 милиони долари минатата година. мс/
фото: МИА архива