Кожув втор финалист во кошаркарскиот Куп на Македонија
- Кошаркарите на Кожув го совладаа Гостивар со 91-72 и се пласираа во утрешното финале за Купот на Македонија, каде ќе ги измерат силите со МЗТ Скопје.

Гевгелија, 14 февруари 2025 (МИА) - Кошаркарите на Кожув го совладаа Гостивар со 91-72 и се пласираа во утрешното финале за Купот на Македонија, каде ќе ги измерат силите со МЗТ Скопје.
Тимот од Гевгелија по вторпат во историјата ќе играат во мечот за трофејот од Купот.
Дуелот беше решен уште по првите две четвртини, кои домаќините ги завршија со 24 поени предност. Во второто полувреме само ја одржуваа предноста за конечен триумф на гевгеличани.
Андрија Стевановиќ беше лидер на Кожув и постигна 34 поена, а Митевски со 15 реализирани поени го предводеше Гостивар.
Финалниот натпревар на Купот на Македонија се игра утревечер со почеток од 19:30 часот. дс
Фото: Фејсбук/КК Кожув