• вторник, 24 декември 2024

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се откажале

Ковачевски: СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние и во потешки услови не сме се откажале

Скопје, 26 април 2024 

„Јас, како човек прво, никогаш не се откажувам. СДСМ е партија направена од цврст материјал, ние сме партија која е наследник на Сојузот на комунисти на Македонија, единствен наследник и која што практично свои корени влече и од НОБ бидејќи КПМ е формирана 43-та година во Тетово. И влече свои корени и од Крушевскиот манифест како и од АСНОМ и во тоа вре-ме нашите претходници не се откажале во многу потешки услови во однос на она што ние го имаме денес“, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во денешното интервју во емисијата „Политиканти“, со Борјан Јовановски и Сашо Орданоски, на Слободна ТВ.

Ковачевски посочи дека е свесен за грешките што ги правела владата, но дека тие грешки се во период од 7 години, што не е малку време.

„Седум години предводевме влада, од која што две третини беа во услови на најголемите кризи по втората светска војна. Никој не можеше да претпоставува дека ќе има здравствена пандемија од светски размени и никој не можеше да претпоставува дека ќе има војна на европскиот континент прва после Втората светска од вакви размери. Тоа предизвика прво здравствената пандемија затворање на голем број бизниси и така натаму. Додека војната предизвика страшна енергетска криза и ценовна инфлација“, додава Ковачевски и вели дека во такви условуи, владата успешно се изборила со овие кризи.

Ковачевски посочува дека е свесен за степенот на ниска доверба во правосудството и дека во наредниот мандат ќе се прават реформи и во тој дел.

„Не влечеме корени и од НОБ и од АСНОМ и од Крушевскиот манифест, јас го спомнувам секогаш и Гоце Делчев бидејќи Гоце Делчев бил социјалист. Вие не може да најдете во ВМРО- ДПМНЕ слика од Гоце Делчев бидејќи вие кога ќе видите и Втората светска војна, претходниците на СДСМ биле на вистинската страна од историјата. Во тоа време, претседател на ВМРО е Ванчо Михајлов, тој бил на другата страна. И затоа кога ќе ги погледнете одлуките кои што се носеле во историјата на Македонија, Киро Глигоров, кој што е 001 членска книшка во СДСМ и благодарение на неговата одлука, бидејќи знаете како многу луѓе учествуваат во процес на носење на одлука со свои анализи, мислења итн. Но на крај еден ја носи одлуката и поради него, стануваме членка на ОН и го почнувам процесот на решавање на спорот со името“, изјави Ковачевски во денешното издание на „Политиканти“.

Ковачевски во емисијата порачува дека нема друг пат освен европскиот и дека од тоа нема откажување.

Тој додава дека доколку имаше одлучност во 11-те години на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да ги донесеме одлуките кои ги носиме после 17 години, ние денес ќе бевме како Хрватска, со која заедно го добивме кандидатскиот статус за ЕУ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан