• сабота, 21 декември 2024

Ковачевски - Курти: Секоја средба е поттик за натамошно унапредување на билатералната соработка

Ковачевски - Курти: Секоја средба е поттик за натамошно унапредување на билатералната соработка
Скопје, 8 април 2022 (МИА) - Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на неговата работна посета и учество на Економскиот форум Делфи во Грција, одржа средба со својот косовски колега, Албин Курти.Како што соопшти владината прес-служба, двајцата премиери ги оценија врските меѓу двете земји како исклучително добри и разговараа за дополнително интензивирање на соработката, за јакнење на економската соработка и за негување на добрососедски односи. На средбата беше оценето дека заедничката седница на Владите на двете земји предвидена да се одржи во јуни годинава е дополнителен поттик за натамошно унапредување на билатералните односи и соработка.Ковачевски и Курти нотираа дека владите на земјите од Западен Балкан е неопходно да креираат кохерентни и конзистентни политики со кои ќе се зголемува конкурентноста на регионот, во насока на подобрување на условите за живот и создавање на повисок животен стандард за сите граѓани.За Северна Македонија, Косово е меѓу најважните трговски партнери, а интензивирањето на соработката придонесува за стабилноста на целиот регион.  Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека Северна Македонија останува силен поддржувач на евро-атлантските аспирации на Косово и е подготвена во таа насока да ги пренесе искуствата во сите области за кои Република Косово ќе искаже интерес на нејзиниот пат до членство во ЕУ и НАТО. нд/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан