• недела, 22 декември 2024

Коалиција „Вреди“: На ДУИ му е потребно кадровски и програмски ремонт

Коалиција „Вреди“: На ДУИ му е потребно кадровски и програмски ремонт

Скопје, 14 ноември 2024


Деновиве дознавме зошто ДУИ е во паника и со параноично однесување сака
да предизвика дебатилизација.
ДУИ тргна по надолна линија и стои на стаклени нозе. Тие се обидуваат да
ја искористат дестабилизацијата како димна завеса за да ја замаглат
состојбата во нивната партија.

Со своите инсталации низ секоја институција, оваа партија има една
мисија: прикривање на криминалите и поделбите во своите редови.
Лагите на ДУИ пукаат како меур од сапуница. Вистината секогаш излегува
на виделина, па поранешниот функционер на ДУИ Азем Авдиу ја откри
големата вистина која ВЛЕН ја кажува долго време. На ДУИ му е потребно
кадровски и програмски ремонт.
Не може за една група на луѓе кои станаа милионери да страда целиот
албански народ и судбината на народот да биде диктирана од неколку
корумпирани луѓе. Не може целиот албански народ да страда заради
Соравија на Дрин Ахмети.
Собата 161 им стана кошмар, во треска се да не се појават СМС пораките
во јавноста како доказ за нечесните понуди што ги имаа да влезат во
Влада на местото на ВЛЕН со половина министерства, без спикерот на
Собранието и со ветување за поддршка на терен да се изберат Македонци за
градоначалници на општините во Струга и Кичево на локалните избори во
2025 година.
Оперативна алатка на ВЛЕН се соработката и поддршката, а на ДУИ –
условувањето и заплашувањето.
ВЛЕН има потреба од конструктивна опозиција!

Коалиција „Вреди“

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан