• недела, 22 декември 2024

Клубовите во Шпанија ќе бидат казнети доколку одбијат да играат без публика

Клубовите во Шпанија ќе бидат казнети доколку одбијат да играат без публика
Барселона, 25 април 2020 (МИА) - Претседателот на Шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас изјави дека клубовите кои не сакаат да играат пред празни трибини ќе бидат казнети со намалување на бодовите. - Кога ќе добиеме дозвола да играме и одреден клуб не сака да ги исполнува новите услови, тогаш ќе има казни. Ќе има одземање бодови. Мораме да бидеме искрени со сите и да го завршиме шампионатот, им порача Тебас на шпанските прволигаши. Шпанското првенство беше стопирано во март поради пандемија на коронавирус. зс/

Остани поврзан