• среда, 05 март 2025

Белоти го засили нападот на Бенфика

Белоти го засили нападот на Бенфика

Лисабон, 2 февруари 2025 (МИА) - Пристигнува изненадувачки трансфер од Португалија: Бенфика го доведе напаѓачот Андреа Белоти на позајмица од Комо.

Поранешниот напаѓач на Торино, Рома и Фиорентина сезонава постигна само два гола на 19 натпревари и не е сосема јасно зошто тренерот Бруно Лаж реши да го доведе Италијанецот кога Гркот Вангелис Павлидис игра во одлична форма, а ги има и Артуро Кабрал и Зеки Амдуни во конкуренција.

Во секој случај, платата на Белоти ќе ја покрива Бенфика до крајот на сезоната, а ќе видиме колку ќе биде од корист португалскиот клуб. дс

Фото: Архива

Остани поврзан