• петок, 19 април 2024

Клоп по убедливиот пораз од Сити: Немам што да им кажам на играчите, сè е очигледно

Клоп по убедливиот пораз од Сити: Немам што да им кажам на играчите, сè е очигледно

Ливерпул, 2 април 2023 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е незадоволен од залагањето на своите избраници во вчерашниот пораз (1:4) на гостувањето кај Манчестер сити.

 

- Ќе ја анализираме играта. По натпреварот им реков на момците дека денес немам што да им кажам. Сè е очигледно. Секој мора да размислува за себе. Ќе разговараме за сè дополнително. Јасно е едно, мора да играме подобро, потребна ни е стабилност. Одлично е кога се чувствувате добро и добро настапувате, но не чини кога давате помалку од 100% во Премиер лигата. Тоа е неприфатливо, а токму тоа се случува, изјави германскиот фудбалски стручњак.

 

Ливерпул од 27 натпревари има собрано 42 бода и се наоѓа на 7. место во Англиското фудбалско првенство. Манчестер сити со 64 бода од 28 средби е втор на табелата. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан