• петок, 03 мај 2024

Кишида: Јапонија и Русија ќе постигнат мировен договор откако ќе се реши прашањето за Курилските Острови

Кишида: Јапонија и Русија ќе постигнат мировен договор откако ќе се реши прашањето за Курилските Острови
Токио, 8 октомври 2021 (МИА) - Нема да има мировен договор со Русија без решавање на територијалното прашање. Ќе продолжам да работам на целиот комплекс на јапонско-руски односи, вклучително и потпишување на мировниот договор, изјави денеска премиерот на Јапонија, Фумио Кишида. Неговата изјава уследи еден ден откако телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин. Кишида истакна дека мировниот договор помеѓу двете држави ќе биде постигнат откако ќе се реши прашањето на кого припаѓа јужниот дек на Курилски Острови. Јапонскиот премиер наведе дека двете страни се согласиле за понатамошни преговори за мировен договор врз основа на постојните договори, особено оние постигнати во 2018 година во Сингапур по средбата меѓу Путин и тогашниот јапонски премиер Шинѕо Абе. Со децении Токио и Москва одржуваа редовни консултации со цел склучување мировен договор, а прашањето за јужните Курилски Острови останува клучна точка на спор. Во 1945 година, целиот архипелаг беше предаден на тогашниот Советскиот Сојуз. ми/

Остани поврзан